Канал 16

Има 6 гости присутни

Твојата IP Адреса е: 38.107.191.84

Често Поставувани Прашања

Како да направам интернет конекција на "Windows XP"?

- Подетално преку слики како да креирате интернет конекција на "Windows XP" може да видите >>> ТУКА <<<.

Како да направам интернет конекција на "Vista"?

- Подетално преку слики како да креирате интернет конекција на "Vista" може да видите >>> ТУКА <<<.

При стартовање на интернет конекцијата на "Windows XP" ми се појавува "Error 769"?

- Овој проблем настанува кога мрежната картица на вашиот компјутер е исклучена. Начин за поправка на проблемот подетално преку слики може да погледнете >>> ТУКА <<<.

Пристартовање на интернет конекцијата на "Windows XP" ми се појавува "Error 691"?

- Тоа значи дека погрешно го пишувате вашиот "USER" или "PASSWORD", или е потрошен сообраќајот на вашиот интернет пакет или е завршено време траењето од 30 дена од денот на приклучување на вашиот последен интернет пакет.

Колку сати во денот можам да го користам интернетот?

- Канал 16 ви овозможува 24 сати 7 дена во неделата непрекинат интернет.

Ми се потроши месечниот сообраќај но не превземав ништо?  

- Ве молиме проверете го вашиот компјутер, проверете дали имате некој вирус или тројан кој во позадина ви троши сообраќај. Исто така проверете да не имате заборавено некоја програма за peer-to-peer download (bearshare, torrеnts и слично) која работи во позадина и ви троши сообраќај.

Како можам да проверам колку месечен сообраќај ми има преостанато?

- Проверка на состојбата може да направите >>>  ТУКА  <<<. Користејќи ја лозинката која сте ја одбрале со склучувањето на договорот.

Доколку направам договор колку време сум обврзан да користам интернет?

- Договорот за интернет за било кој пакет е на неопределено време и можете да ко користите во време траење од 30 дена, Бидејќи интернетот е припејд доколку не го платите за наредниот месец не добивате интернет услуга.

Кој може да биде корисник на кабелски интернет?

- Корисник на кабелскиот интернет може да стани било кој, кој што се наоѓа на локација технички оспособена од Канал 16.

Колку е цената на месечната претплата за интернет?

- Месечната претплата зависи од интернет пакетот кој го користите од 390 денари па нагоре месечна претплата.

Што е кабелски интернет?

- Кабелски интернет е сервис кој обезбедува поврзување на корисникот со интернет, користејќи ја кабелската мрежа.